2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Германија добива нова „пониска класа“ и дали сето тоа е само...

Дали Германија добива нова „пониска класа“ и дали сето тоа е само мамка за странски работници?

Поедноставениот влез на ниско платени работници во Германија се заканува да создаде „нова пониска каста“ во земјата, предупредуваат експертите.

„Работата во секторот со ниски плати е често повеќе замка отколку отскочна даска за странските работници“, според авторите на студијата објавена во вторникот од Советот на експерти за интеграција и миграција (СВР).

Анализата го разгледува планот на германската влада да им дозволи на странските работници осум месеци работа годишно без оглед на нивните квалификации.

Инаку, министерот за труд Хубертус Хајл и шефицата на дипломатијата Аналена Бербок моментално се на турнеја во Јужна Америка каде, меѓу другото, се залагаат за доаѓање негувателки и квалификувани работници за работа во Германија.

Одредени сектори во економијата како градежништвото, земјоделството, прехранбената индустрија и домашната нега не би можеле да опстанат без странски работници, изјави шефот на проектот СВР, политикологот Холгер Колб.

Сепак, тие работат за најниски плати, под најтешки услови и без можност за напредување и често се соочуваат со системски прекршувања на правата, се вели во студијата.

Затоа, Колб препорачува странските работници да добиваат целосни информации за правата и механизмите за заштита.

Дополнително, треба да се дозволат колективни тужби, додаде тој, бидејќи тоа ја зголемува шансата, на пример, групите приматели на плата од Источна Европа кои зборуваат малку германски, да се заштитат од голем работодавец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП