27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony планира испорака на 65 милиони телефони во 2014-та

Sony планира испорака на 65 милиони телефони во 2014-та

sony-xperia-z

По лансирањето на телефоните „iPhone 5C“ и „iPhone 5S“, како и новите „Samsung Galaxy“ производи, се чинеше дека информациите за мобилните производи на „Sony“ останаа скоро незабележани.

„Sony“ го претстави телефонот „Xperia Z1“ на саемот „IFA“ 2013. Интернет страната „DigiTimes“, која се занимава со темите за испорака на компоненти и производни техники на Далечниот Исток, јави дека „Sony“ планира да ја зголеми испораката на уредите од годинешните 42 милиони, на 65 милиони во следната година, што би претставувало раст од 55 проценти.

Својата шанса „Sony“ ќе ја бара на пазарите во развој, а се очекува компанијата да направи повеќе нарачки за компаниите кои произведуваат телефони по договор, а кои се наоѓаат во Тајван. Овие нарачки ќе пораснат за 50 проценти, а се очекува „Sony“ да го претстави и телефонот со оперативниот систем „Firefox“, кој ќе биде наменет за пазарот на евтини телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП