25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа за околу еден процент минатата недела

Цените на нафтата паднаа за околу еден процент минатата недела

На светските берзи цените на нафтата благо паднаа минатата недела, по две недели раст, бидејќи растот на западните економии забавува, што ќе ја ослаби побарувачката за „црното злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се лизна за 1,1 отсто, на 76,13 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 1,3 отсто, на 71,74 долари.

Цените на нафтата се движеа во тесен опсег минатата недела бидејќи нема премногу причини ниту за нивниот раст ниту за значителен пад.

Трговците на крајот на неделата беа охрабрени од „зелено светло“ дадено од американскиот Конгрес за законот кој овозможува зголемување на задолжувањето на државата, односно натамошно правилно сервисирање на федералните финансиски обврски.

Цените беа поддржани и од сигналите на американската централна банка дека каматните стапки може да останат непроменети во јуни додека не се види како ќе се движат инфлацијата и економијата во наредните месеци.

Како резултат на тоа, доларот ослабе, што ја зајакна куповната моќ на оние кои купуваат нафта во други валути.

Но, цените се уште се под притисок бидејќи не се знае колку ќе забави растот на западните економии и дали ќе се избегне рецесија, со оглед на тоа што централните банки на западните земји најверојатно ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација.

Минатонеделното тргување беше одбележано и со шпекулации за тоа што ќе се одлучува на состанокот на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП