Како и со секој друг аспект од животот, постојат митови за депресијата. Подолу разбиваме некои од нив.
Депресијата не е слабост
Депресијата не е состојба предизвикана од слаб карактер или мрзеливост на една личност. Депресијата не е фаза, депресијата е вистинска и сериозна болест.
Не мора да бидете тажни цел ден за да бидете депресивни
Некои луѓе имаат депресија, иако не се чувствуваат тажни или нерасположени цел ден. Покажуваат намален интерес за каква било активност, но без вознемиреност или тага.
Депресијата не се надминува лесно
Хроничната депресија може да трае со години, а се лечи со помош на лекови и стручно лице. Депресијата не е минлива фаза која ја надминуваме во еден момент.
Лековите не се брзо решение
Антидепресивите можат да бидат ефикасни кај некои видови депресија, но тие не се единствениот и најдобриот лек.
Луѓето можат да ја сокријат депресијата
Многу луѓе со депресија функционираат добро пред другите. Меѓутоа, кога ќе останат сами, симптомите стануваат и видливи и јасни.
И децата можат да бидат депресивни
Важно е да се знае дека депресијата кај децата не се манифестира како кај возрасните, а најчесто децата ја покажуваат со лошо расположение, недостаток на енергија, негативно размислување и незаинтересираност.
Депресијата може да има и физички симптоми
Пред се, тука се главоболките, болките во грбот и стомакот, проблеми со спиењето, несоница или хроничен замор.