19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓа бројот на милијардери во светот

Паѓа бројот на милијардери во светот

Светските милијардери минатата година „ослабнаа“ по вкупното богатство, но и по бројот на поединци, бидејќи сега 3.194 од нив според последните податоци можат да се пофалат дека припаѓаат на овој елитен клуб.

Листата на милијардери на Алтрата покажува дека САД сè уште целосно доминираат на рангирањето со 955 милијардери, по што следи Кина на второ место со 357 и Германија на трето со 173 милијардери.

Топ 10 најбогати семејства во светот

Сите три земји забележаа пад на бројот на милијардери во 2022 година, при што САД имаат пад од 2,1 отсто во однос на претходната година, Кина +10,8 отсто, а Германија 1,7 отсто, пишува Фокс Бизнис.

Извештајот покажа дека 2022 година го донесе првиот годишен пад на глобалната популација на милијардери од 2018 година, за 3,5 проценти – на 3.194 поединци во оваа „година на крајности“ која беше проследена со нестабилност на глобалниот пазар, војната на Русија во Украина, историски високата инфлација и монетарно затегнување.

Вкупното богатство на милијардерите исто така падна за 5,5 отсто на 11,1 трилиони долари, што е втор најголем пад во една деценија.

Според Алтрата, милијардерите чие богатство е силно поврзано со технологијата, здравството и недвижностите забележале најголем пад на нето-вредноста, додека оние чие богатство е поврзано со воздухопловството, одбраната, градежништвото и храната и пијалоците покажале најголема отпорност.

Две земји имаат повеќе милијардери

Од првите 15 земји според бројот на милијардери, само две имале зголемување на оваа популација. Така, популацијата на милијардери во Русија се зголемила за 4,7 отсто – на 112, додека Сингапур забележал пораст од цели осум отсто – на 54.

Не е изненадувачки што најголемите градови со милијардери се погодени од слични трендови. Њујорк изгуби двајца милијардери минатата година, но сепак има најголема популација милијардери во светот, со 136. Хонг Конг исто така загуби неколку милијардери, но сепак е на второто место со 112, додека Сан Франциско е трет со 84, по што загуби еден милијардер во 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП