15 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесими: Пари за субвенции за електрична енергија има и годинава во буџетот

Бесими: Пари за субвенции за електрична енергија има и годинава во буџетот

Поддршката во вид на субвенции за ублажување на ефектите од енергетската криза ќе продолжи и годинава. Во буџетот се предвидени средства за оваа намена, со кои ќе се поддржат граѓаните, како и малите и средни фирми за намалување на ефектите од енергетската криза, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими при гостување на Вин-Вин.

“Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ”, рече Бесими и додаде дека и Европската Унија како грант додели 84 милиони евра за справување со енергетската криза за оваа година.
Министерот посочи дека ефектите од субвенциите се гледаат во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните каде стои колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари кои доаѓаат од даноците што ги плаќаат. “Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а само политика на Владата е да ја даде субвенцијата.”, вели Бесими.

Министерот посочи дека изминататагрејна сезона, Владата преку субвенции кон АД ЕСМ и фискалните импликации од намаленото ДДВ  ги поддржа граѓаните и фирмите со вкупно 400 милиони еврa за справување со енергетската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП