27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWindows Phone веќе му дише во вратот на Apple во Германија

Windows Phone веќе му дише во вратот на Apple во Германија

windows-phone

Според последните податоци на „Kantar World Panel“, „Windows Phone“ може да се пофали со извонреден раст на европскиот пазар. На петте основни пазари на Стариот континент (Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија) паметните телефони со оперативниот систем на „Microsoft“ успеале да го удвојат својот удел и веќе заземаат 9.2 проценти од сите продадени паметни уреди.

Уште поинтересно е дека во Германија, „Windows Phone“ веќе дише во вратот на „Apple“, па разликата помеѓу двата оперативни системи е под 1 процент.

Во Велика Британија и Франција, пак, „Microsoft“ за прв пат по долги години може да се пофали со двоцифрени резултати од 10.8 и 12 проценти. Според „Kantar World Panel“ главната причина за големиот скок е силните перформанси на „Nokia“ во нискиот и средниот сегмент на цената, односно со модели како „Lumia 520“ и „Lumia 620“. Двата смартфони успеаа да привлечат сериозен број на корисници во клучните старосни групи 16-24 години и 35-49 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП