6 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците го шетаат светот за сите пари, а Македонците „стискаат“ за квадрат

Германците го шетаат светот за сите пари, а Македонците „стискаат“ за квадрат

Поседувањето сопствен дом е многу важен дел од животот за многу луѓе, бидејќи тоа им обезбедува стабилност, безбедност и чувство на припадност.

Во Европа, стапката на поседување сопствен дом значително варира помеѓу земјите – некои нации имаат висок процент на сопственици на домови, додека, пак, некои нации имаат висок процент на луѓе коишто живеат под кирија и на кои воопшто не им е важно дали имаат имот на нивно име.

Највисок процент на сопственост на свој дом има во Источна Европа, а најнизок во Западна Европа.

Земјите како што се Косово (97,8%), Албанија (96,3%) и Романија (95,3%) бележат највисока стапка на сопственост на домови, додека најниска стапка на сопственост, верувале или не, има во Швајцарија (42,2%) и во Германија (49,1%), објави Евростат.

Еден од факторите кои најмногу влијаат на стапката на сопственост на домови во Европа е достапноста на станови по прифатливи цени за купување, но и за одржување. Оти, во некои земји како што се Германија и Швајцарија, трошоците за сместување се релативно високи, а тоа им го отежнува патот на многу луѓе кои имаат желба да си купат сопствен дом.

Спротивно на тоа, во земји како што се Бугарија и Романија, домувањето е многу подостапно, па затоа и поседувањето дом е прифатлива варијанта за многу луѓе.

На мапата на Евростат е прикажана и територијата на Македонија врз која е испишана бројката 85,8%. Тоа во превод значи дека само 15% од граѓаните немаат сопствен дом и живеат под кирија.
Кога станува збор за земјите од соседството, сличен процент како нашиот има Србија (89,4%), Бугарија (84,9%), Грција (73,3%), Албанија (96,3%), Црна Гора (90,2%).

Македонците лани најмногу се задолжувале за станови

Годишен раст од 4,9 отсто на вкупните депозити и од 9,4 отсто на вкупната кредитна поддршка во декември 2022 година, регистрира Народната банка.

На годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,9 отсто, во услови на зголемување на депозитите кај двата сектора.

На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,4 отсто. Годишниот раст се должи на повисокото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.

Во декември, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапени се  потрошувачките и станбените кредити. Годишната стапка на раст кај потрошувачките кредити е 6,3 отсто, додека кај станбените 12,7 отсто. Автомобилските кредити на годишно ниво се зголемени за 9,1 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички се згоглеми за 0,7 отсто, додека остварија годишен раст од 1 отсто.

Становите поскапеле за 21,2%

Цените на недвижностите во третиот квартал лани, според последните податоци на Народна банка  се зголемиле за 21,2 отсто во однос на истиот период преклани.

Градежниците велат дека растот на цените на становите е резултат на зголемените трошоци кои ги имаат компаниите за репроматеријали, тренспорт и за струја. Трендот на пораст на цените на становите, според нив, нема да запре и во наредниот период, бидејќи не гледаат дека се смируваат цените на материјалите што ги вградуваат во објектите.

Не се намалува ниту градежната активност. Според податоците на Државниот завод за статистика, расте и бројот на издадени одобренија за градба. Само во септември за изградба на објекти во високоградба издадени се  250 одобренија, а за реконструкција се дадени 126 одобренија. Притоа, предвидена е изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 81.059 метри квадратни.

И разведените продолжуваат да живеат заедно

Становите во Мадрид се се поскапи и се помалку луѓе можат да си дозволат да живеат сами, па поради таа причина голем дел од оние кои се разведуваат се принудени да живеат заедно.

Мадридскиот весник „Ел Паис“ пишува дека неможноста сами да ја платат наемнината принудува многу луѓе да продолжат да живеат со своите поранешни партнери.

Адвокатот Алберто Гарсија Себријан наведува дека 30 отсто од двојките кои одлучуваат да се разведат не го завршуваат разводот бидејќи не можат да си ги дозволат трошоците за одвоен живот и додава дека претходно тоа било случај со само 10 отсто од тие лица.

Б.М

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП