За граѓаните, цената на струјата нема да поскапи во наредните шест месеци. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека во текот на јуни ќе се разговара за нов модел за струјата кога ќе биде решено и дали ДДВ-то за струјата ќе се врати на 18 %, но цената за граѓаните нема да се менува.
„Со Министерството за финансии и заедно со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови на енергетскиот совет во Владата во текот на јуни ќе разговараме за новиот модел. Јас од денес можам да им кажам на граѓаните дека тие нема да плаќаат поскапа струја. Кој ќе биде моделот, тоа сите заеднички ќе го дефинираме во склоп на енергетскиот совет. Граѓаните нема да плаќаат поголема цена на струјата од постојната за наредните шест месеци, значи од 1 јули, па до крајот на годината“, рече министерот Бектеши.

