25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФич најави можно намалување на кредитниот рејтинг на САД

Фич најави можно намалување на кредитниот рејтинг на САД

Агенцијата Fitch Ratings објави дека би можела да го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави (САД) – ААА, доколку Белата куќа и Конгресот не постигнат договор за зголемување или суспендирање на лимитот за задолжување во наредните денови.

Министерството за финансии на САД постојано предупредуваше дека би можело да има проблеми со исполнувањето на финансиските обврски уште на почетокот на јуни.

Преговорите меѓу администрацијата на претседателот Џо Бајден и републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот се заглавени во ќорсокак, а до крајниот рок остануваат уште седум дена, пренесува Мина.

„Фич“ соопшти дека би можеле да го намалат рејтингот на САД доколку не го подигнат лимитот за задолжување или не го суспендираат.

„Фич сè уште очекува договорот за лимитот на долгот да биде постигнат пред датумот X. Сепак, ние веруваме дека ризиците се зголемени дека плафонот на долгот нема да биде подигнат или суспендиран пред датумот X, па владата може да почне да пропушта некои обврски “, се вели во извештајот на агенцијата.

Отсуството на договор би било негативен сигнал за поширокото владеење и подготвеноста на САД да ги исполнат своите обврски навреме, и малку е веројатно дека тоа би било во согласност со рејтингот ААА.

„Фич“ проценува дека американската влада ќе троши повеќе отколку што заработува, што ќе резултира со дефицит од 6,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) оваа година и 6,9 проценти следната година.

Предупредувањето на „Фич“ потсетува на 2011 година и конфликтот околу зголемувањето на плафонот на долгот, што го натера „Стандард и Пурс“ да го намали рејтингот на САД на АА+.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП