23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа го намали јазот со САД во прифаќањето напредни дигитални технологии

Европа го намали јазот со САД во прифаќањето напредни дигитални технологии

Според новиот извештај, Дигитализацијата во Европа 2022 г. – 2023 г.: докази од анкетата за инвестирање на ЕИБ, повеќе од половина (53 %) од фирмите на ЕУ презеле чекори за подобрување на своето дигитално присуство во 2022 г., како што е нудење услуги на интернет. ЕУ исто така го намали јазот со Соединетите Американски Држави во прифаќањето напредни дигитални технологии. Во 2022 г., 69 % од фирмите во ЕУ имплементирале напредни дигитални технологии, како што се напредна роботика, анализа на големи податоци и вештачка интелигенција, споредено со 71 % од фирмите во САД.

Иако фирмите од ЕУ направија значителен напредок, фирмите во САД севкупно постигнаа поголем напредок во дигитализацијата како одговор на пандемијата, првенствено поради помалото дигитално инвестирање од микро и малите фирми во Европската Унија. Само 30 % од микропретпријатијата во ЕУ ѝ дадоа приоритет на дигитализацијата споредено со 62 % од големите фирми. 14 % од фирмите сметаат дека ограничениот пристап до дигиталната инфраструктура е главна пречка за инвестирањето. Освен тоа, напорите за дигитализација на фирмите во голема мера зависат од достапноста на работници со дигитални вештини. Затоа, од суштинско значење е регионите да ги подобрат системите за образование и обука за да постојано ги надградуваат вештините.

„За да ја постигне дигиталната транзиција и да ги искористи нејзините долгорочни придобивки, ЕУ треба да направи повеќе од само прифаќање на технологијата и да ги земе предвид пошироките општествени импликации. Охрабрувањето на работниците да ги подобрат своите дигитални вештини ќе биде клучно за да се создаде средина погодна за иновации во Европската Унија, што за возврат ќе ги направи компаниите и регионите поконкурентни и поотпорни.“ – рече Дебора Револтела, директорка на Одделот за економија на ЕИБ.

Трговијата, исто така, игра витална улога во дигитализацијата, бидејќи фирмите што се занимаваат со меѓународна трговија почесто прифаќаат напредни дигитални технологии. Дигиталните фирми покажуваат поголема издржливост при нарушувања во трговијата и се справуваат со тие нарушувања со поголема проактивност. Ваквите фирми се исто така понаклонети да инвестираат во мерки против климатските промени: 57 % во однос на 43 % од недигиталните фирми. Дополнително, дигиталните технологии можат да помогнат во справувањето со предизвици на средината, како што се паметната урбана мобилност, прецизното земјоделство и одржливите синџири на снабдување, придонесувајќи за намалување на емисиите и олеснување на транзицијата кон позелена економија.

„Дигиталната инфраструктура, вклучувајќи ги пристапот до брз интернет, достапноста на квалификувани работници и иновативните средини, играат клучна улога во поттикнувањето на дигитализацијата. Регионите со подобра дигитална инфраструктура се сведоци на повисоки приходи од дигитални инвестиции и поголемо присуство на дигитални фирми. Со сеопфатно прифаќање на дигиталната трансформација, Европската Унија може да создаде просперитетна и одржлива иднина.“ – вели Рикардо Мурињо, потпретседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

За резиме од извештајот, кликнете тука. За да ги разгледате податоците од Анкетата за инвестирање на ЕИБ за секоја поединечна земја на ЕУ, кликнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП