28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИднината е во ултраевтините паметни телефони

Иднината е во ултраевтините паметни телефони

smartphones

Многу од пазарните набљудувачи сметаат дека иднината е во најевтините паметни телефони. Некои експерти, сепак се исклучително храбри во предвидувања во таа насока. Раст во продажбата до 200 милиони примероци од ултраевтините паметни телефони во 2018-та година, прогнозираат од консултантската компанија „Juniper Research“.

За споредба, во следната година од компанијата очекуваат продажба на само 10 милиони ултраевтини смартфони. Тоа значи дека во следните пет години можеме да станеме сведоци на десеткратен раст во продажбата на нискобуџетните уреди, ако предвидувањата се реализираат.

Како основа на ова зголемување се очекува да бидат пазарите во развој, како Индија, Русија, Бразил и Кина. Според консултантската компанија растот во продажбата на евтини уреди ќе иницира пад и намалување на стапката на најскапите паметни телефони во вкупната продажба.

Многу е можно да станеме сведоци на иновативни пристапи во „високиот“ сегмент, слични на оние на кинеската компанија „Xiaomi“, каде нудат хардвер составен за моделите од висока класа на смартфони, но со ниски цени.

Со свои иновации се очекува да пристапат и водечките во моментов производители на паметни телефони од највисока класа, како „Apple“ и „Samsung“. Можно е во иднина да се развие и концептот за тоа секој сам да го моделира уредот што би сакал да го купи преку модуларен дизајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП