17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолека но сигурно: Ќе ја снабдува цела Европа

Полека но сигурно: Ќе ја снабдува цела Европа

Турското Министерство за енергетика очекува дека гасниот центар кој ќе ја снабдува Европа со тој енергент ќе биде пуштен во употреба во рок од една година.

Според министерот за енергетика на Турција, Фатих Домнез, тој проект е исклучително важен за земјите од Јужна Европа, пренесува ТАСС.

„Гасниот центар е особено важен за јужна Европа. Во тие земји не прашуваат дали ќе има центар или не, туку ги интересира кога ќе почне да работи“, изјави турскиот министер за ТВ станицата Хабер Глобал.

Донмез претходно најави дека Турција може да ја испорача Европа со околу 40 милијарди кубни метри природен гас преку центрите на нејзината територија, кои остануваат како вишок од 100 милијарди кубни метри годишно добиени од странство.

Турција преговара со 15 земји кои би можеле да учествуваат во спроведувањето на проектот, вклучувајќи ги Азербејџан, Иран и земјите од Персискиот Залив.

Во октомври 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин предложи создавање центар на територијата на Турција што би можел да го пренасочува рускиот гас што претходно минувал преку Северен тек, а Анкара позитивно реагирала на таа иницијатива, потсетува руската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП