6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО ГРЦИЈА: Еве што откри министерството за внатрешни...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО ГРЦИЈА: Еве што откри министерството за внатрешни работи

Првите официјални резултати ги соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Ома.

На 31,1% од територијата резултатите се следни: Нова демократија: 41,1% СИРИЗА: 20,1% ПАСОК: 12,7% ККЕ: 6,7% Грчко решение: 4,5% Победа: 2,9% Слобода на навигација: 2,6% МеПА25: 2%.

Нова демократија, владејачката конзервативна партија на премиерот Кирјакос Мицотакис, според првите официјални резултати, победи на денешните парламентарни избори во Грција.

Големата победа на Нова демократија, владејачката конзервативна партија на премиерот Кирјакос Мицотакис, беше забележана со излезната анкета, а беше потврдена и со првата оценка на резултатите за денешните избори што ја презентираше „Сингулар Лоџик“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП