Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Хрватска во март изнесува 1.130 евра, што е номинално повисока за 11,9 отсто, а реално за 1,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според денеска објавениот извештај, просечната плата од 1.130 евра е номинално повисока за 2,2 отсто, а реално за 1,3 отсто во однос на февруари.
Највисока просечна месечна исплатена нето-плата е исплатена во информатичките услужни дејности во износ од 2.327 евра, а најниска во заштитните и истражните дејствија од 738 евра. Според податоците на ДЗС, медијалната нето плата за март изнесувала 946 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од таа сума.

