13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и другите членки на Г7 подготвија нов пакет санкции против Русија

САД и другите членки на Г7 подготвија нов пакет санкции против Русија

САД и другите членки на групата Г7 ќе презентираат нови санкции и мерки за контрола на извозот насочени кон Русија поради војната во Украина, изјави денеска американски претставник пред самитот на Г7 во Јапонија.

Ројтерс пренесува дека главниот фокус на лидерите на земјите членки на групата за време на самитот во Хирошима ќе биде војната во Украина.

Неименуваниот функционер изјави дека новите санкции се дизајнирани да ја попречат способноста на Русија да ги набави средствата потребни на бојното поле и да ги затворат дупките во постојните санкции, првенствено во обид да се намали зависноста на меѓународната заедница од руските енергетски извори.

„Исто како и минатата година, нашата посветеност да ја затегнеме контролата врз Русија е силна“, рече официјалниот претставник.

САД и нивните сојузници, вклучително и Европската унија и Велика Британија, продолжија да ги зголемуваат санкциите и притисокот врз рускиот извоз од инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Меѓу целите на санкциите на Вашингтон досега се рускиот претседател Владимир Путин, финансискиот сектор и многу руски олигарси. Последниот пакет американски санкции ќе опфати „обемни ограничувања за категориите стоки клучни за бојното поле“, како и спречување на околу 70 субјекти од Русија и трети земји од примање извоз од САД со додавање на црната листа на американското Министерство за трговија.

Покрај тоа, САД ќе воведат околу 300 нови санкции насочени против поединци, ентитети, бродови и авиони и „финансиски олеснувачи“, наведува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП