7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои НЕ треба да ги чувате во фрижидер

Намирници кои НЕ треба да ги чувате во фрижидер

Ако немате доволно простор во фрижидерот, без разлика што сте го организирале добро, тоа може да биде така затоа што го трошите скапоцениот простор за храна која што всушност не треба да се чува во него.

1. Лут сос

Лутите сосови, без проблем можете да ги чувате во оставата и до три години.

2. Компири

Чувањето на компирите во фрижидер негативно влијае врз нивниот вкус. Секогаш чувајте ги во хартиена кеса (бидејќи пластична го забрзува нивното гниење). Ако го чувате соодветно, компирот може да потрае и до три недели.

25256_shutterstock_96207608_630x0

3. Леб

Фрижидерот брзо го суши лебот. Тој може да издржи на собна температура до четири дена, а тоа што нема да го изедете може да го замрзнете.

54925_hlebprofimedia0160539520_630x0

4. Кромид

Кромидот е најдобро да се чува во оставата во мрежести вреќи и торби (кои овозможуваат циркулација на воздухот). Чувајте го далеку од компирите, кои емитуваат влага и гасови кои можат да влијаат на побрзо гниење на кромидот.

5. Лук

Лукот може да се чува и до два месеца во оставата. Важно е само да има доволно простор за циркулирање на воздухот околу него.

6. Домат

Доматите во фрижидер може брзо да овенат, затоа чувајте го на полица или во кошница на собна температура. Важно е и да се извади од пластичните кеси, а ако сакате побрзо да созрее чувајте го во хартиена кеса.

8422_shutterstock_18341818-pasta_630x0

7. Кафе

Во фрижидерот, кафето го губи својот вкус. Најдобро е да се чува во оставата во сад што не пропушта воздух.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП