26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМекарти: Можен е договор за зголемување на горната граница на долгот

Мекарти: Можен е договор за зголемување на горната граница на долгот

Претседателот на Претставничкиот дом на САД Кевин Мекарти денеска изјави дека е можен договор меѓу демократите и републиканците за зголемување на горната граница на долгот.

Преговарачите сега се „во многу подобра ситуација, можам да видам како може да се постигне договор“, рече Мекарти, пренесе Ројтерс.

Според него, Претставничкиот дом следната недела ќе се занимава со договорот за зголемување на плафонот за задолжување.

Мекарти додаде дека демократските и републиканските преговарачи сè уште ги разработуваат деталите.

Берзите скокнаа по оваа изјава, во очекување на добри вести.

Бајден е оптимист

Американскиот претседател Џо Бајден е оптимист за изгледите за решавање на проблемот со јавниот долг на земјата, но верува дека треба да се направи „многу работа“ во оваа област за голем број сложени прашања, соопшти Белата куќа по новата рунда разговори меѓу шефот на државата и лидерите на Конгресот, одржана пред изјавата на Мекарти.

„Претседателот нагласи дека, иако има уште многу работа за голем број сложени прашања, тој е оптимист за изгледите за постигнување одговорен двопартиски договор за буџетот доколку двете страни преговараат со добра волја и признаат дека ниту една од нив нема да постигне целосна имплементација на нивните барања“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Неизвесна ситуација

Како што соопшти американската администрација, Бајден им наредил на партиските претставници да продолжат со секојдневните состаноци за нерешените аспекти на проблемот со јавниот долг.

„Претседателот рече дека би сакал повторно да контактира со конгресните лидери подоцна оваа недела по телефон, како и да се сретне со нив по неговото враќање од странство“, соопшти Белата куќа.

Според проценките на Министерството за финансии, САД нема да можат целосно да ги сервисираат своите обврски во јуни доколку Конгресот не одобри зголемување на лимитот за задолжување.

Републиканската опозиција, која го контролира Претставничкиот дом, го врзува продолжувањето на лимитот за задолжување со одобрување на програма за намалување на буџетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП