26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите од ЕУ ќе им помогнат на своите компании да ја напуштат...

Земјите од ЕУ ќе им помогнат на своите компании да ја напуштат Русија

Земјите од ЕУ финансиски и правно ќе им помогнат на своите компании да ја напуштат Руската Федерација, објави бриселскиот ЕУ Обсервер.

ЕУ се плаши дека Русија ќе наплаќа високи даноци на профитот од европските компании на рускиот пазар „за да ја финансира војната“ и затоа сака да го забрза нивното излегување од оваа земја.

Според Леонид Ервиц, претставник на компанијата за правни услуги Левел, руската државна комисија во моментов разгледува повеќе од 2.000 барања од странски компании да ја напуштат земјата, објави Комерсант.

Споменатата комисија, без чие одобрение странските компании не можат да ја напуштат Руската Федерација, се состанува околу три пати месечно и не разгледува повеќе од седум барања истовремено, според Ервиц.

Во април, рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека странските компании што ја напуштаат Русија ќе мора да платат излезна такса од 10 отсто, што ќе им се наплати по продажбата на нивните руски средства.

Заминувањето на странски компании од Русија треба да биде поврзано со „одредени трошоци“, посочи тогаш Силуанов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП