29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит порасна, инвеститорите оптимисти

Волстрит порасна, инвеститорите оптимисти

На Волстрит, берзанските индекси значително пораснаа во средата, бидејќи во Вашингтон наскоро може да се постигне договор за задолжување на државата и бидејќи цените на акциите на регионалните банки нагло пораснаа.

Dow Jones зајакна 1,24 отсто, на 33.420 поени, додека S&P 500 порасна за 1,19 отсто, на 4.158 поени, а индексот Nasdaq 1,28 отсто, на 12.500 поени.

Најмногу вчера поскапеа акциите на регионалните банки, бидејќи инвеститорите се надеваат дека кризата во тој сектор, која трае од март кога пропаднаа две банки, е завршена.

Цената на акциите на Western Alliance Bancorp скокна за повеќе од 10 отсто, откако банката соопшти дека нејзините депозити пораснале за повеќе од 2 милијарди долари минатиот квартал.

Ова ги зголеми цените на акциите на другите регионални банки, па индексот KBW на тој сектор скокна за 7,3 отсто. Индексот S&P 500 на банкарскиот сектор, пак, порасна за 4,5 отсто.

Инвеститорите беа охрабрени и од изјавите на американскиот претседател Џо Бајден и водечкиот републиканец во Конгресот, Кевин Мекарти, дека се решени да постигнат договор за зголемување на плафонот на долгот на државата.

Доколку демократите и републиканците во Конгресот не постигнат договор за зголемување на задолжувањето до 1 јуни, федералните власти нема да можат да ја финансираат работата на некои државни институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП