26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕФотографии од кралицата Камила во костим за капење повторно „запловеа“ на интернет...

Фотографии од кралицата Камила во костим за капење повторно „запловеа“ на интернет и добија безмилосни коментари

Новата кралица Камила Паркер Боус повторно е мета на негативни коментари, откако старите слики направија нов круг на интернет.

Имено, Камила во 2014 година со семејството ги посетила Карибите. Ниту таму не успеа да им побегне на камерите, а се појавија фотографии на кои ужива на убав одмор, пренесува „Musicmundial.com“.

Меѓутоа, луѓето тогаш не гледаа така и слободно можеа да го коментираат нејзиниот изглед во црвениот едноделен костим за капење.

Поминаа девет години, но сликите повторно се вратија, за да ги оживеат лошите коментари веднаш по крунисувањето на нејзината сакана.

Негативните коментари од луѓето на интернет воопшто не беа воздржани.

„Да можеше, Камила би ги запалила овие фотографии“, „Таа е прекрасна кралица за нас, кога би се шегувале“, „Се срамам што е наша кралица“, и уште многу вакви коментари можеа да се најдат низ целиот интернет.

Коментарите продолжуваат да алудираат на откривањето на нејзината личност како љубовница и жена која ја споредуваат со Лејди Ди и јасно даваат до знаење дека е тешко да се замени, иако тоа се само нејзини фотографии од Карибите. Додека од друга страна има коментари кои ја бранат новата кралица и големата љубов на кралот Чарлс.

Некои од коментарите како: „Зарем не можете да прифатите дека ова е жената со која Чарлс старее и дека сакаше да биде со неа?“, „Ова е вистинска љубов, се беше против нив, но се најдоа еден со друг на крајот“, а што се однесува до фотографиите, тие најчесто коментираа со прашањето: „Како се очекува да изгледа жена на нејзина возраст?“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП