6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ќе се пресели од Германија во Полска и Чешка

Amazon ќе се пресели од Германија во Полска и Чешка

amazon

Поради трудово – правни спорови во Германија, американскиот интернет гигант „Amazon“ ќе изгради пет нови логистички центар во Чешка и Полска.

Секој од новите центри ќе биде со површина од околу 100.000 квадратни метри и ќе чини меѓу 50 и 60 милиони евра. Причината за ваквата одлука на „Amazon“ е поради спроведените штрајкови на неколку стотици вработени во мај и јуни во Германија, бидејќи американската компанија одбивала да им даде плата соодветна со вработувањето во сферата на дистрибуцијата.

Ева Осо од полската Агенција за регионален развој во градот Вроцлав изјавила за медиумите во Полска дека навистина се водат преговори, но до финализирање на зделката не дошло. Според информациите два од логистичките центри на „Amazon“ може да бидат отворени во близина на Вроцлав, а третиот е во план да се гради во близина на северниот град Познан.

Ако овие идеи се реализираат, тоа ќе значи нови 6.000 работни места за Полјаците. Првиот центар може да се отвори уште следната година и тој ќе служи за Западна Европа.

Другите два центри ќе бидат во Чешка. Но според одредени медиуми „Amazon“ има планови да го укине едниот од центрите во близина на меѓународниот аеродром на Прага.

Во Германија „Amazon“ е сериозен работодавец, а за компанијата работат околу 9.000 луѓе во 8 логистички центари, два центри за работа со клиенти, а во главниот град на Баварија – Минхен е седиштето на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП