19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрипто берзата Binance ja напушта Канадa поради построги регулативи

Крипто берзата Binance ja напушта Канадa поради построги регулативи

Најголемата светска крипто берза Binance одлучи да ја напушти Канада поради новите, построги регулативи поврзани со крипто индустријата.

Binance на Twitter објави дека се повлекува од Канада поради новите правила воведени од канадските администратори за хартии од вредност (CSA), пренесува порталот CoinMarketCap.

Во февруари, CSA им нареди на сите крипто платформи кои работат во Канада да се регистрираат кај релевантните безбедносни регулатори во рок од 30 дена или да ги прекинат своите активности.

„Крипто платформите ќе мора да следат нови правила“

Во гореспоменатото известување, CSA исто така наведе дека крипто платформите ќе мора да следат построги правила при одобрување стабилни криптовалути, како и дека ќе бидат обврзани подобро да ги заштитат средствата на нивните корисници.

Binance соопшти дека се обидела да најде решение и да остане во Канада и изразила жалење што ја напуштила земјата.

Binance се заблагодари на организацијата CSA за добрата соработка и изрази надеж дека ќе се врати во Канада кога регулативите ќе бидат поповолни за крипто иновациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП