25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата пораснаа

Цените на нафтата пораснаа

Цените на нафтата се задржаа над 74 долари на меѓународните пазари поради загриженоста за снабдувањето и најавените американски залихи ги неутрализираа стравувањата од забавување на американската и кинеската економија.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 36 центи во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 74,53 долари. Речиси за исто толку порасна и на американскиот пазар каде барелот се тргуваше за 70,41 долар.

Пазарите внимателно ги следеа разговорите за зголемување на плафонот на американскиот државен долг минатата недела, стравувајќи дека проблемите со сервисирањето на обврските на владата може да ја турнат економијата во рецесија. Министерката Џенет Јелен предупреди дека тие би можеле да се појават веќе на почетокот на јуни.

Трговците беа загрижени и ослабени од кредитирањето во Кина, подлабокиот пад на цените на производителите и послабиот раст на потрошувачките цени во април.

Поддршка за цената на нафтата беше дадена со прогнозите дека понудата може да се намали во втората половина од годината, бидејќи Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, одлучија дополнително да го намалат производството, за околу 1,16 милиони барели по ден. Тоа би ја намалило понудата за вкупно 3,66 милиони барели дневно, кога ќе биде вклучена и минатогодишната одлука, покажуваат пресметките на Ројтерс.

Сепак, Ирак верува дека ОПЕК + нема дополнително да го намали производството на состанокот во јуни, рече министерот за нафта Хајан Абдел-Гани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП