19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со црн патлиџан: Може да намалите до 8 килограми за две...

Диета со црн патлиџан: Може да намалите до 8 килограми за две недели

За диетата со црн патлиџан се зборува дека е една од највкусните и најлесните моно-диети за држење. Трае 14 дена и тоа е оптимално време за постигнување најдобри резултати (по овој период доаѓа до застој во губењето на килограми).

Е сега, сигурно се прашувате колку килограми е можно да се намалат за две недели? Бројката е импозантна и се движи до 8 килограми. Секако, немојте да го заборавите златното правило за намалување на килограми, а тоа е дека колку сте поблиску до вашата идеална тежина тоа помалку килограми ќе губите при држењето на диетата. Значи, ако ви недостасуваат 3-5 килограми до саканата тежина ќе морате повеќе да се потрудите отколку некој на кого му недостасуваат „само” 20-30 килограми.

Збор – два за црниот патлиџан

Црниот патлиџан има единствени лековити својства во исхраната и може значително да го намали нивото на холестерол. Богат е со манган кој помага да се забрза метаболизамот. 100 гр од овие посебно вредни плодови содржат само 28 калории. Плодовите се богати со влакна, кои го отстрануваат од телото вишокот на течности и отпадни продукти. Неодамнешните студии укажуваат дека влакната помагаат организмот да се ослободи од канцерогените клетки.

patlidzan_dijeta-02

Пример на мени кај диетата со црн патлиџан

Појадок:

Појадокот е за двете недели ист: Салата од црн патлиџан со домати.

Како се прави: Земете еден голем црн патлиџан, исечете го на половина, посолете го со малку морска сол и оставете го во рерна 10 минути да пушти сок. После тоа, исецкајте го на коцкички со големина 1×1 см, ставете го во чинија за салата, додадете исечен на коцкички поголем домат (или ставете 1 дл варен), сето тоа прелијте го со лажица маслиново масло и оставете го уште малку да одстои. Покрај тоа, можете да испиете шоља кафе или зелен чај. Секако, кафето и чајот се пијат без шеќер.

Ручек:

Супа од црн патлиџан: За да ја направите, потребни ви се еден или два црни патлиџани, кои ќе ги исечете на ленти и лесно ќе ги пропржите на путер. Потоа, додадете целер исецкан на ситни коцкички, свежи пиперки исецкани на ленти, морков (исецкан на тркалца), лук и динстајте пет минути. Потоа, зеленчукот ставете го во солена вода која врие и варете пет минути. Во супата можете да додадете магдонос, целер…Количина од оваа супа која може да јадете неограничено.

Вечера:

Динстан црн патлиџан со зеленчук: 1 црн патлиџан печен во рерна, зачинет со малку кромид. Покрај тоа дозволени се две парчиња ржан леб со тежина не поголема од 30 гр. и шоља јогурт или кисело млеко со намалена масленост.

Идеа за наредните денови: Како што видовте во горниот пример-се се врти околу црните патлиџани-присутен е во сите 3 оброци. Бидејќи појадокот е секогаш ист, употребете ја својата креативност за останатите 2 оброка кои можат да бидат: грилуван црн патлиџан со прелив од сос од соја или младо сирење, печен во тефлонска тава па сервиран со додаток на неколку парчиња туна, динстан во сопствениот сос со сезонски зеленчук….рецепти има безброј и сите се прилично вкусни…

Заклучок

Диетата црн патлиџан, како и другите моно-диети не е избалансирана со хранливи материи. Значи, не би требало да ја држите повеќе од 2 недели. Подобро е да ја повторите оваа диета после некое време (најдобро 2 месеци) отколку да влегувате веднаш во повторен циклус. Во текот на диетата телото губи некои од супстанците кои се неопходни за неговата нормална активност. Значи, оваа диета не е препорачлива за оние луѓе со ослабен организам, како и за оние лица кај кои црниот патлиџан предизвикува алергиски симптоми. Кај останатите некој добар мултивитамински додаток би бил од голема корист. И секако-физичка активност што значи барем 30 минути брзо пешачење секој ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП