28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлација 109 отсто, граѓаните се посиромашни: Владата најави нови мерки

Инфлација 109 отсто, граѓаните се посиромашни: Владата најави нови мерки

Аргентинската влада објави пакет мерки за борба против зголемената инфлација и зајакнување на пезосот.

Пакетот опфаќа прилагодување на курсот, повеќе интервенции на девизниот пазар и забрзување на договорите со кредиторите.

Аргентинската централна банка ќе ја зголеми референтната каматна стапка за 600 базични поени на 97 отсто од сегашните 91 отсто за да ја ублажи инфлацијата која достигна 109 отсто во април, изјави владин извор, како дел од поширокиот пакет мерки за зајакнување на економијата.

Според Ројтерс, Аргентина се бори да ја надмине инфлацијата, која во април достигна 109 отсто на годишна основа, со што ја уништи довербата во пезосот и доведе до намалување на девизните резерви, што ги загрози финансиите на владата.

Податоците на аргентинската Национална агенција за статистика и попис (INDEC) покажуваат дека инфлацијата во април 2022 година изнесувала 58 отсто, а веќе во септември пораснала на 83 отсто, додека во декември била 94,8 отсто.

Инфлацијата вртоглаво порасна и на почетокот на оваа година, а секој четврти граѓанин на Аргентина падна во сиромаштија поради растот на цените и девалвацијата на валутата.

Тешката економска состојба дополнително ја усложни сушата што минатата година ја погоди оваа јужноамериканска земја и значително се одрази на извозот на соја, пченка и пченица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП