27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ6 мириси кои имаат исцелителна моќ

6 мириси кои имаат исцелителна моќ

Голем број на истражувања потврдиле дека мирисите имаат добро влијание врз нашето здравје. Некои ароматични масла можат да бидат добри за здравјетo и да ги ублажат симптомите на некои невообичаени болки. Некои мириси можат да го ублажат стресот, болката, да го поправат расположението и да помогнат при мачнина. Овие 6 мириси имаат голема исцелителна моќ.

1. Жалфија

Најдобра е за намалување на крвниот притисок

Истражување од 2013 година покажало дека кај жените кои помирисале жалфија се намалил крвниот притисок и брзината на дишење. Покрај тоа, тие полесно се опуштале за време на стресен медицински преглед. Освен тоа, таа го подобрува и памтењето и ја зајакнува концентрацијата.

2. Нане

Најдобро е за намалување на стрес

Истражувањата покажале дека со негово вдишување се намалува нивото на кортизол, хормонот за стрес. Покрај тоа, го намалува уморот и желбата за чоколадо.

3. Портокал

Најдобар е за ублажување на анксиозност

Едно истражување открило дека лицата кои помирисале портокал пред стресен тест останале смирени под притисокот и биле помалку анксиозни, најверојатно поради тоа што овој мирис помага во ублажувањето на стресот. Покрај тоа, го зголемува и расположението.

4. Рузмарин

Најдобар е за зајакнување на мозочните функции

Со вдишувањето на рузмарин ги зајакнувате мозочните функции, односно брзината и прецизноста при напорни ментални задачи, велат истражувањата од 2012 година. Друго истражување открило дека мирисот на рузмарин освежува и ментално стимулира. Исто така  ја зголемува енергијата и го намалува заморот.

5. Цимет

Најдобар е за подобрување на вниманието

Мирисот од цимет добро влијае врз делот од мозокот задолжен за фокусирањето. Возачите се повеќе фокусирани откако ќе помирисаат миризливо масло со цимет. Освен тоа, ја подобрува и концентрацијата и ги намалува фрустрациите.

6. Лаванда

Најдобра е за опуштање и ублажување на болките во ПМС

Мирисот на лавандата може да ве опушти. Истражување од 2013 година открива дека мирисот од лаванда ги ублажува и симптомите пред менструација, како и симптомите на збунетост и депресија. Ја намалува анксиозноста и силата на мигрената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП