5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАУниверзитетски професор за пендрекот: Талески седеше мирно и полицаецот намерно го удри...

Универзитетски професор за пендрекот: Талески седеше мирно и полицаецот намерно го удри од “чист мир”?

Лидерот на партијата за општествен и економски напредок, ПОЕН, која е во коалиција со СДСМ, Рубин Земон го искоментира потегот на полицаецот кој на натпреварот Вардар – Пелистер жестоко со пендрек го удираше нашиот ракометарски првенец, Филип Талески.

Земон е и универзитетски професор, вработен во Универзитетот за информатички науки и технологии и член на научниот совет на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“.

„Се извинувам да прашам: Талески седеше мирно и полицаецот намерно го удри од “чиста мира”?
МВР веќе презеде мерки и отвори случај за да се преиспита настанот…. Што треба друго да се презеде во моментов? Ниту Талески е Звонимир Бобан, ниту играа Динамо со Црвена Ѕвезда, намалете го малку доживувањето и омразата по полицијата. Како и да е, полицаецот не смееше да мава по играчите, тој треба да ги штити нив, судиите и официјалните лица“, напиша Земон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП