25 мај, 2024
ПочетнаСВЕТРусија потврди дека се повлече од својата позиција во Бахмут

Русија потврди дека се повлече од својата позиција во Бахмут

Русија ги потврди тврдењата на Украина дека нејзините сили се повлекле два километри зад претходно окупираните позиции во близина на Бахмут.

Руската армија во петокот објави дека се повлекла од претходно окупираните позиции со цел да заземе подобри одбранбени позиции.

Сопственикот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, чии сили во последните месеци се борат за овој украински град, го покани рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да го посети фронтот во Бахмут.

Пригожин тврди дека Русија изгубила пет квадратни километри територија кај Бахмут.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП