Мостот „Беласица“ кај железничката станица во Скопје ќе биде затворен целосно за пешаци и за моторни возила сè додека не се санираат штетите од пожарот, кој го зафати долниот дел од мостот, кој ги поврзува „Веро Џамбо“ и трговскиот центар „Ист егјт мол“. Ова го изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, и посочи дека постои опасност од одронување бетонски парчиња, со кои е премачкан мостот.
„Пожарникарите излегле веднаш, но не смееле да гаснат затоа што немале информации какви инсталации минуваат под мостот. Заклучокот беше дека има само една електрична инсталација со која се напојуваат светилките на мостот, а во средината на мостот минува цевка со дијаметар од еден метар низ која минува топла вода за парното во Скопје. Благодарение на нивната акција околу два часот пожарот беше ставен под контрола, а околу 4 часот беше целосно изгаснат“, вели Ангелов.

