28 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПожар на мостот „Беласица“ кој ги поврзува Железничката станица и „Ист Гејт“

Пожар на мостот „Беласица“ кој ги поврзува Железничката станица и „Ист Гејт“

Причините за пожарот кај мостот „Беласица“ што ги поврзува Железничката станица и „Ист Гејт“ се поради настанат пожар на опожарена електрична инсталација, топловодна инстлација, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Според информациите, оштетен е мостот „Беласица“ на ул „Беласица“, во близина на ТЦ „Ист Гејт“ во близина на бензинска пумпа „Макпетрол“. Во гаснењето на пожарот интервенирале 21 пожарникари со 8 ПП возила, а била зафатена површина од 2.000 м2. Пожарот целосно е изгаснат во 04:00 часот.

Од ЦУК за настаната состојба биле известени сите надлежни институции што посредно и непосредно имале инсталација на мостот и во близината на мостот што беше зафатен со пожарот.

„Конкретно, известени се МВР кои целосно го блокираа сообраќајот на мостот, бензинска пумпа Макпетрол, АД „Гама“ Скопје кои беа на лице место и утврдија дека немаат гасоводена мрежа што поминува на овој потег, Македонски железници коишто во одреден временски период на трање на пожарот го исклучи напојувањето со електрична енергија, ЕВН Македонија, АД ЕСМ „Балкан Енерџи Груп“, бидејќи имаше оштетено дел од цевките за парно греење и истите пратија екипа за санација на цевките. Во текот на трање на настанот дежурните од Секторот за операции и координација на ЦУК беше во постојана комуникација и координација со институцииите на терен и редовно одговараше на сите потреби на БППЗ на Град Скопје се со цел полесно да се локализира пожарот и да не дојде до несакани последици, како на пожарникарите кои дирекно учествуваа во гаснењето на пожарот, така и на населението коешто се наоѓа во непосредна близина на пожарот“ велат од ЦУК.

Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП