6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„На WhatsApp не може да му се верува“: Маск ја критикуваше популарната...

„На WhatsApp не може да му се верува“: Маск ја критикуваше популарната апликација и најави нова опција на Твитер

Илон Маск најави нова опција на Твитер која ќе овозможи целосно шифрирање во пораките на оваа социјална мрежа. Ова значи, како што сликовито опиша сопственикот на таа мрежа, дека тој, или кој било друг, нема да може да го прочита разговорот дури и ако некој му држи пиштол на главата и го побара тоа од него.

Целосното шифрирање не е нешто ново меѓу апликациите за комуникација, а уште порано WhatsApp ја претстави истата опција. Но, како што напиша Илон Маск како одговор на еден твит, на WhatsApp не може да му се верува. Имено, во тој твит вработен на Твитер напишал дека WhatsApp постојано го користел микрофонот на телефонот во текот на ноќта, додека тој спиел. На таа мрежа тој објави и скриншот со информации за тоа како WhatsApp постојано пристапувал до микрофонот на неговиот телефон.

Покрај Маск, кој ја коментираше објавата критикувајќи го WhatsApp, на тоа одговори и компанијата на Цукерберг, која нагласи дека се работи за баг на Андроид кој погрешно прикажува информации во контролната табла за приватност, додека во твит нагласија дека WhatsApp пристапува до микрофонот само за време на телефонски повици и видео повици и кога снимате гласовни белешки. Но, дури и во овие ситуации, комуникацијата е заштитена со шифрирање од крај до крај и никој не може да пристапи до неа.

Што се однесува до шифрирањето на Твитер, NY Post вели дека не е јасно дали тоа се однесува само на пораки меѓу две лица или и на групни разговори. Исто така, Маск не објасни дали корисниците ќе треба сами да ја активираат опцијата или ќе стане активна автоматски, штом ќе стане достапна со надградбата.

Освен што го напаѓа WhatsApp, Маск деновиве се забавува и критикувајќи го Цукерберг, па објави постар напис на Твитер во кој го обвинува Цукерберг дека ги „купил“ изборите во САД во 2020 година со донации од 400 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП