2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААлармот за петте закони за коридорите, за амбасадорот Гир, е механизам на...

Алармот за петте закони за коридорите, за амбасадорот Гир, е механизам на ЕУ за сопирање на злоупотребата на европските знаменца

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир го отворил прашањето за употребата на европското знаменце за петте закони за олеснување на градењето на коридорите 8 и 10 д како дел од механизмот на Европската Унија за справување со вакви злоупотреби. Тој денес одговарајќи на новинарско прашање дали Европската Унија има механизам да ја спречи Владата која ги турка законите и покрај предупредувањето дека не се за усогласување со европското законодавство, рече: „Причината поради која го отворив прашањето за употребата на европското знаменце е токму поради тоа што многу често во напите извештаи за земјите укажуваме дека употребата на европското знаменце треба да биде за усвојување закони кои што се директно поврзани со европските практики и со европското законодавство. Реков дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација меѓу сите политички партии кога е во прашање усогласување на некој закон со европската легислатива, што во овој случај не е“.

Амбасадорот Гир рече дека е во постојан контакт и со Владата и со опозицијата и подготвени се да зборуваат на сите теми вклучително и за употребата на европското знаменце за законите за коридорите по најавата од опозицијата дека ќе и ги достави аргументите кои укажуваат дека се работи за злоупотреба.

Со европско знаменце, иако не се работи за усогласување со ЕУ-регулатива, Владата предложи измени на Законот за работните односи, Законот за експропријацијата, Законот за урбанистичкото планирање, Законот за градењето и законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП