7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Англија ја зголеми референтната каматна стапка на 4,5 отсто

Банката на Англија ја зголеми референтната каматна стапка на 4,5 отсто

Банката на Англија(BoE) денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на 4,5 отсто.

Ова е 12-то по ред зголемување на референтната каматна стапка, а зголемувањето од 25 базични поени е во согласност со очекувањата на пазарот.

Одлуката ја донесоа членовите на Комитетот за монетарна политика (MPC) на Банката на Англија, со седум гласа „за“ и два „против“, се наведува на веб-страницата на БЕ.

Банката на Англија очекува инфлацијата во Велика Британија да падне од сегашните 10,2 отсто на 5,1 отсто во четвртиот квартал од оваа година, а до посакуваните 2,0 отсто до крајот на 2024 година.

BoE внимателно ќе ја следи економската ситуација во Британија.

Доколку сè уште има постојани инфлациски притисоци, BoE ќе реагира со дополнително заострување на монетарната политика, се заклучува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП