Некои ризици за развој на тумор на дојка како што се годините, полот и генетиката не можеме да ги контролираме. Меѓутоа, една од најделотворните тактики со која можеме да и влијаеме на оваа зла болест е и наједноставна – одржување на здрава телесна тежина и внес на здрави намирници. Еве ја листата на намирници кои се добри во превенцијата на ова тешка болест…
1. Брокули
Оваа исклучителна намирница не само што има важна улога во превенцијата, туку е и многу делотворна во спречувањето на ширењето на болеста ако личноста е веќе болна. Со брокулата е добро да се комбинира карфиол, зелка и прокељ. Ако сакате сето тоа позитивно да се одрази на вашето здравје, консумирајте го овој зеленчук барем еднаш во текот на денот.
2. Кромид и лук
Тие се одлични во борбата со маснотиите, но и превентивно го спречуваат развојот на малигни ќелии. Лукот е со векови наназад користен во различни култури како најделотворен природен лек за најразлични болести. Научно е докажано дека аденозинот од лукот спречува згрутчување на крвта, додека органските компоненти кои содржат сумпор, го намалуваат холестеротот и превентивно спречуваат развој на рак. Слично како и лукот, така и кромидот е многу делотворен во борбата против многу заболувања, па дури и оние најтешките. Содржи големо количество на провитамин А, витамин Ц и витамини од групата Б, како и минералите калум, натриум, магнезиум, калциум и железо.
3. Јаболки
Јаболките се одличен извор на антиоксиданси, витамини и влакна. При консумирањето важно е да не ги лупите бидејќи токму во лушпата се наоѓаат најдобрите супстанци кои му се потребни на организмот за заштита.
4. Калинка
Калинката е прогласена за суперхрана затоа што е богата со антиоксиданси, но оваа овошка има уште многу други корисни својства. Таа е одлична во превенцијата на рак на дојка и простата. Богата е со витамини, па препорачливо е да се консумира во што поголеми количини.
5. Ореви
Тие се богати со омега-3 масни киселини за кои е откриено дека делуваат селективно на малигните ќелии. Оревите го спречуваат понатамошниот раст на тумори во организмот. Без разлика дали ги користите како додаток на солени јадења или ги користите за грицкање, оривите секако треба да бидат нешто што ќе го внесувате секојдневно во вашиот организам.
6. Риба и рибино масло
Омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во масната риба, односно сардината, лососот и скушата, ги уништуваат малигните ќелии. Поради тоа, време е да ја внесете рибата во вашето мени, односно потрудете се рибата да е дел од вашиот оброк барем два пати во неделата.