22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија на најниско ниво во изминатите седум месеци

Инфлацијата во Германија на најниско ниво во изминатите седум месеци

Годишната стапка на инфлација во Германија во април изнесува 7,2 отсто, објави Дестатис. Инфлацијата е најниска во последните седум месеци, а во март изнесувала 7,4 отсто во однос на истиот период лани.

„Стапката на инфлација во Германија паѓа веќе втор месец, но сепак е многу висока“, објави претседателката на Дестатис, Рут Бренд, додавајќи дека поскапеле најскапите прехранбени производи.

Цените на храната во април пораснале за 17,2 отсто во однос на истиот период лани, што е нешто помалку од мартовската инфлација од 22,3 отсто.

На годишна основа, во април најмногу поскапеле млечните производи за 34,8 отсто, лебот и житариците за 21,3 отсто, рибата и морските плодови за 19,7 отсто, а медот, шеќерот и џемот поскапеле за 19,6 отсто.

Во април цените на енергијата го забрзаа својот раст за 6,8 отсто во однос на мартовската стапка на инфлација од 3,5 отсто.

Германските граѓани во април мораа да издвојат повеќе пари за природен гас, кој поскапе за 33,8 отсто во споредба со истиот период лани.

Огревно дрво и пелети поскапеа за 29,8 отсто, струјата за 15,4 отсто и парното греење за 12,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП