20 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната стапка на инфлација во Америка во април 4,9 отсто, најниска во...

Годишната стапка на инфлација во Америка во април 4,9 отсто, најниска во последните две години

Годишната стапка на инфлација во САД во април изнесуваше 4,9 отсто, објави денеска американското Министерство за труд.

Оваа стапка на инфлација е најниска од април 2021 година, а во исто време е под пазарните очекувања, кои предвидуваа инфлација од 5,0 отсто.

Годишната стапка на базична инфлација во САД беше 5,5 отсто во април, во согласност со претходните проценки.

Цените на храната во април пораснале за 7,7 отсто, што е побавен раст во однос на мартовските 8,5 отсто.

Трошоците за енергија се намалени за 5,1 отсто во однос на истиот месец лани.

Индексот на трошоците на животот (CPI) порасна за 0,4 отсто на месечно ниво, што е многу повисоко од мартовските 0,1 отсто, но сепак е во согласност со очекувањата на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП