26 јуни, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОсмани за Глас на Америка: Злосторствата врз цивилно население мора да се...

Османи за Глас на Америка: Злосторствата врз цивилно население мора да се казнат

„Носењето на одговорност за сите злосторства врз цивилно население, не само во Украина, било каде во светот, е прашање кое што е важно за да се спречат таквите случувања во иднина“. Овој став шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, го кажа во интервју за Гласот на Америка, за време на работната посета на САД.

„Тоа што го гледаме во Украина и како наша национална позиција, меѓутоа и како претседавачи на ОБСЕ, ние мора да ја испратиме пораката и мора да бидеме заедно со сите држави кои што мислат дека не може да нема одговорност за сите чинители на злосторства не само како одговорност кон цивилите и граѓаните на Украина, туку како одговорност кон иднината и потребата за спречување на такви случувања повторно“ вели Османи во интервјуто.

Шефот на дипломатијата уште еднаш ја потврди македонската цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и осуда за руската воена инвазија.

Северна Македонија минатата недела се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар