19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрипто-менувачниците продаваат токени кои SEC ги прогласи за нелегални

Крипто-менувачниците продаваат токени кои SEC ги прогласи за нелегални

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) води кампања за регулирање на криптовалутите од 2017 година, тврдејќи дека има овластување да надгледува многу дигитални токени и платформите кои што тргуваат со нив.

Сепак, според Wall Street Journal, SEC може да регулира само дигитални токени кои се класифицирани како хартии од вредност, категорија која вклучува средства како акции и обврзници.

Претседателот на КХВ Гери Генслер посочува дека многу од нив се всушност незаконски дистрибуирани, бидејќи хартиите од вредност можат да се продаваат на јавноста само доколку се регистрирани во КХВ и доколку издавачите даваат финансиски информации и обелоденување на проценетиот ризик.

Продажбата на хартии од вредност на пошироката јавност, вклучувајќи ги и криптовалутите, без регистрација го прави издавачот одговорен за кршење на законите за заштита на инвеститорите.

Од крајот на 2017 година, SEC и американските судови идентификуваа 76 криптовалути како хартии од вредност. Од тие 76, 16 беа достапни за тргување на една или повеќе големи американски крипто берзи. Бројот на такви криптовалути се зголеми за три пати во текот на изминатата година, според најновиот извештај на SEC.

Извештајот доаѓа во услови на тековен ќор-сокак меѓу SEC и крипто компаниите, кои се жалат дека Соединетите Држави заостануваат зад другите земји во правилата за дигитални средства.

Последниот во низата критичари беше извршниот директор на Ripple, кој изјави за CNBC на финансискиот самит во Дубаи во понеделникот (8 мај) дека САД се во сенка на другите земји во оваа област. Тој додаде дека неговата компанија ќе потроши околу 200 милиони долари за да се брани пред судот во очекување на решавањето на тужбата поднесена од SEC во декември 2020 година.

Од друга страна, SEC наведува дека во моментот најголемите крипто берзи нудат за тргување со најмалку 12 спорни криптовалути, односно оние кои имаат „тежина“ на хартии од вредност и кои треба да спаѓаат во надлежност на Комисијата.

Во 2022 година, SEC започна вкупно 30 рестриктивни мерки за контрола на криптовалутите, што претставува зголемување од 50 проценти во споредба со претходната година. Во првите месеци од 2023 година, SEC издаде 13 суспензии за извршување, што е зголемување за повеќе од 25 отсто во однос на минатогодишните бројки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП