18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТвитер овој месец воведува и плаќање по статија?

Твитер овој месец воведува и плаќање по статија?

Американската компанија Твитер би можела да им понуди на авторите нов начин на заработка надвор од типичната опција за претплата. Според најавите на сопственикот Илон Маск, Твитер ќе им овозможи на авторите и медиумските компании да им наплаќаат на корисниците пристап до поединечни написи што ги објавуваат на социјалната мрежа.

Како што е наведено, таа опција може да биде достапна веќе следниот месец. Сепак, корисниците на крајот ќе плаќаат повисока цена по напис од трошоците за пристап до секоја статија доколку имаат претплата, пренесува PC Press.

Сепак, Маск истакна дека ова е за оние кои сакаат да читаат повремени содржини од одреден извор. Според него, на тој начин секоја статија веројатно нема да чини колку месечна претплата.

Се додава дека во овој момент деталите за претстојната функција се уште не се јасни. Маск само рече дека ќе започне да се прикажува следниот месец. Не е јасно какви видови сметки и медиуми ќе можат да понудат плаќање по статија. Исто така, Маск не нагласи колкава провизија ќе земе Твитер.

Најавата за новата услуга доаѓа додека Маск се обидува да привлече подкастери и креатори на содржина. Маск се обидува да ги насочи да почнат да монетизираат содржина преку претплати на Твитер (порано познати како Super Follows). Исто така, Маск вети дека Твитер нема да зема провизија во првите 12 месеци.

За повеќе информации ќе биде потребно време. Компанијата која сега е предводена од Маск воведува се повеќе и повеќе платени функции за да ги зголеми приходите. Исто така, општо е познато дека услугата Twitter Blue сега е достапна ширум светот – кој ќе плати осум долари месечно добива сина ознака.

Твитер, исто така, го затвори своето бесплатно API за да лансира ново за кое корисниците би требало да платат. Пристапот до API ќе ги чини одредени компании речиси 50.000 долари месечно. Поради ова, некои организации и компании, како што е управата за транспорт на градот Њујорк, одлучија да престанат да го интегрираат Твитер или да го напуштат Твитер .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП