Неуспехот на Конгресот да дејствува на горната граница на долгот може да предизвика „уставна криза“, со последици по финансиските пазари и каматните стапки, изјави денеска гувернерката на американското Министерство за финансии Џенет Јелен.
Таа истакна дека преговорите за горната граница на долгот не треба да се одвиваат „со пиштол до главата на американскиот народ“ и го повтори своето предупредување до пратениците дека владата може да ги плати сметките само без да го зголеми лимитот до јуни.
Ројтерс пренесува дека и нејзиниот заменик Вали Аџемо предупредил на ризикот од неплаќање на обврските, односно од зголемување на долгот.
„Доколку не ги исполниме должничките обврски, тоа би имало страшно влијание врз каматните стапки“, рече Аџемо.
Агенцијата потсетува дека американскиот претседател Џозеф Бајден на 9 мај во Белата куќа ќе се сретне со претседателот на републиканскиот Претставнички дом Кевин Мекарти, лидерот на републиканското малцинство во Сенатот Мич Мекконел и највисоките демократски претставници, со цел да започне серија разговори пред САД да останат без пари за исплата на долгот, што според проценките би можело да дојде веќе на 1 јуни.