28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија се подготвува да го зголеми извозот во Азија во потрага по...

Русија се подготвува да го зголеми извозот во Азија во потрага по евтина нафта

Во мај, нафтените компании од Русија ќе го зголемат извозот преку нивните западни терминали за да ја покријат побарувачката за евтина нафта во Азија, објави „Reuters“, повикувајќи се на свои извори.

Според нив, цената сигурно ќе биде под плафонот поставен од Западот од 60 долари за барел, поради ниските цени на водечките сорти на пазарите.

По загриженоста за глобалната побарувачка, нафтата загуби околу 10% од цената на почетокот на неделата. Тргувањето сега се движи околу и под нивото од 70 долари за барел. Според податоците на „Reuters“, попустот за сортата Урал минатата недела беше 10-12 долари за барел под цената на европскиот брент (која е репер за повеќето залихи).

На овој начин рускиот Урал станува атрактивен за азиските клиенти кои имаат поголема изложеност на Запад и не сакаат да создаваат главоболки со секундарни санкции доколку не се почитуваат правилата.

Извозот на нафта од Приморск, Уст-Луга и Новоросијск ќе се зголеми за 2 отсто од април на вкупно 2,42 милиони барели дневно, според податоците собрани од „Reuters“. Ова ќе биде највисоко ниво од 2019-та година.

Земјите од Г-7, ЕУ и неколку други сојузници воведоа ограничување на цената на руската сорта Урал од 60 долари за барел, што не ги вклучува трошоците за транспорт и осигурување. Зголемените испораки во мај, исто така, доведоа до зголемување на трошоците на услугите за утовар, изјавија трговците за „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП