20 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОсмани: Доколку не се завршат уставните измени до крајот на годината, паузира...

Османи: Доколку не се завршат уставните измени до крајот на годината, паузира целиот процес на преговори со ЕУ

“Доколку не се завршат  уставните измени односно промената на уставните измени до крајот на годината, паузира целиот процес на преговори со ЕУ. Имајќи ја во предвид важноста на европскиот процес за нашето општество кое што е нетипично зависно од европскиот процес за разлика од некои други држави, мислам дека станува една општествена криза и политичка, која што ја имаме видено претходно со блокадата на европскиот процес предизвикана од спорот со името и можеме да влеземе во една ситуација на изолација во кое што ќе се отвараат некои прашања кои што  самиот европски процес ги субординира”, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во најновото издание на Трилинг.

“Замислете автопатот Скопје – Охрид прикажувајќи го како некаков етнички интерес на албанците, враќајки еден дискурс на 90-тите кој што мислевме дека го надминавме.Тоа ме плаши. Ова другото за транспарентноста до крај да се оди. И да се осветли целиот процес. Тука нема компромис, ме плаши тоа другото. Мислам дека за жал транспарентноста се злоупотребува во функција на претходното, на стереотипизирањето”, истакна тој.

“Нема подобар механизам за борба против корупција од преговорите со ЕУ. Светот нема создадено попрецизен механизам за борба против корупција освен исполнување на копенхашките критериуми членството во ЕУ”, вели Османи.

“Обвинителот го избрале обвинителите. Нема подемократски процес да се остави на фелата.Јас бев вице премиер за европски прашања кога го донесовме законот за обвинителство за организиран криминал. И се разговараше во експертскиот тим и присуствував, сите опции кој да го изберат, да го избере парламентот ќе има политичко влијание, да избере совет на обвинители ќе има влијание, и се дојде до идеата најдобро е да се остави на фелата. Сами да си го изберат својот прв човек”, потенцираше Османи.

На прашањето “Дали како владејачка гарнитура чувствувате одговорност за ерозија на правосудниот систем?” тој возврати:

“ДУИ ја иницираше идејата за ветинг на сите носители на јавни функции. Сите да мора да поминат низ еден систем кој е интероперабилен од сите институции и да добие документ кога се кандидира, кога станува носител на јавна фунцкија. Уште бараме да се воспостави тој ветинг систем. Треба да се усвои законот. Има и предлог закон кој што е подготвен и е даден, имаше одредени реакции од ЕУ водејќи се од искуството на Албанија кој на некој начин го декапитираше судскиот систем”, одговори Османи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП