4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАлергија, главоболка, слаба енергија… Трите најчудни совети кои помагаат!

Алергија, главоболка, слаба енергија… Трите најчудни совети кои помагаат!

Во последните неколку години се појавија многу чудни, а сепак научно засновани здравствени совети.

Сите знаеме дека за добро здравје треба да јадете многу овошје и зеленчук, редовно да вежбате и да ги намалите слатките, но во последните неколку години има многу чудни, но научно засновани совети за здравјето.

Еве некои од нив:

Дали кивате? Ослободете се од мустаќите!

Драги наши мажи, доколку сте склони кон алергии, треба да размислите дали мустаќите се моден детаљ без кој навистина не можете да живеете. Едно истражување покажа дека мажите кои ги мијат мустаќите и брадите два пати на ден користат помалку антихистаминици (лекови против алергија). Имено, во влакната на тие места има многу прашина и сите оние честички кои ве тераат да кивате. Затоа, доколку го имате овој проблем, мијте се почесто или поедноставно избричете се – и ќе ја забележите разликата.

Помирисајте јаболко против главоболка

Ова овошје е вистински благодет за сечие здравје. Ако понекогаш страдате од неподносливи мигрени, мирисот на зеленото јаболко ќе ви помогне да се ослободите од нив, или барем да ја намалите болката и да ве опушти.

Чоколадното млеко ја враќа енергијата

По тренингот, мускулите треба да се обноват и телото да се поттикне да продолжи да работи. Затоа, кога ќе завршите со вежбање, заборавете на водата: една голема чаша чоколадно млеко ќе ви надомести се што ви треба. Протеините од млекото и јаглехидратите од чоколадото ќе ви ја вратат изгубената енергија, но погрижете се да користите млеко со што помалку маснотии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП