26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГо намалува воспалението и го зајакнува имунитетот: Оваа храна се смета за...

Го намалува воспалението и го зајакнува имунитетот: Оваа храна се смета за природен антибиотик, но не е здрава за секого

Младиот лук содржи минерали и витамини, железо, фолна киселина, диетални влакна и хранливи материи.

Благодарение на својот уникатен состав, го намалува воспалението во телото и го зајакнува имунитетот.

Лекарите го препорачуваат за луѓе со многу болести.

„Покрај тоа што содржи витамини и минерали, на пример, витамин Ц, витамини од групата Б, растителни влакна, содржи и флавоноиди, кои делуваат како антиоксиданси, ги намалуваат воспалителните процеси во организмот. Најчесто влијаат на кардиоваскуларните процеси, дијабетесот и онколошките заболувања. Исто така, младиот лук позитивно влијае и на имунитетот.

Младиот лук помага да се намали внесот на сол во организмот. Без разлика на се, не треба да се користи како лек кој се консумира само кога човек е болен. Треба да се јаде редовно за да има превентивно дејство во борбата против болестите.

Единствен проблем е лошиот здив, но не само од устата, туку и од кожата, бидејќи мирисот на лукот се ослободува низ порите.

Сепак, некои луѓе не можат да го сварат лукот.„Младиот лук треба да се консумира на ограничен начин доколку имате чувствителен стомак, ако страдате од гастритис или имате киселини. Сепак, тоа не значи дека воопшто не треба да го јадете, туку треба да ги консумирате оние количини кои му одговараат на организмот.

За младиот лук да остане свеж и да не ги изгуби корисните својства, потребно е да се чува во фрижидер и да се одделат стебленцата едно од друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП