20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска пониски цени на горивата

Од денеска пониски цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 2.5.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намајали за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,455 ден/кг и сега изнесува 39,620 ден/кг.

Од 6.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,620 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,905%, кај дизелот за 5,550%, кај екстра лесното масло за 5,333% и кај мазутот намалувањето е за 4,615%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП