27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП и Финансова ја тресат фирмата за часовници „Божиновски“

УЈП и Финансова ја тресат фирмата за часовници „Божиновски“

Управата за јавни приходи и Финансиската полиција спроведуваат голема акција во познатиот продажен бренд за часовници „Божиновски“, дознава „Макфакс“.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, за „Макфакс“ посочува дека се прават проверки во ланецот на продажни објекти.

„Во сите деловни единици на правниот субјект се врши попис, но повеќе детали не можеме да споделиме во овој момент бидејќи проверките се во тек“, вели Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.

Горан Иванов, прв човек на Управата за финансиска полиција, посочува дека предметот е оформен по пријава.

„Имаме предмет и инспекторите овие денови постапуваат по него. Предметот е оформен по пријава. Детали не можеме се уште да изнесеме затоа што во тек се проверките, ќе биде извесно следната недела“, кусо изјави Горан Иванов, директор на Управата за финансиска полиција за „Макфакс“.

Од страна на инспектори се проверува целата документација со која располагаат. Проверките кои ги прават двете институции се во пет продажни објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП