4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕксперт од Мајкрософт предупредува дека вештачката интелигенција ќе ја користат луѓе со...

Експерт од Мајкрософт предупредува дека вештачката интелигенција ќе ја користат луѓе со лоши намери

По првичниот ентузијазам за вештачката интелигенција и нејзините можности кои ни ги претстави четботот ChatGPT, во последно време има се повеќе критики, или предупредувања за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција. Мајкл Шварц, кој раководи со тимот задолжен за наука и економија на податоци во Мајкрософт, им се придружи на овие сè побројни критичари.

За време на економскиот форум што се одржа во Женева, Шварц рече дека е сигурен оти вештачката интелигенција ќе ја користат и луѓе со лоши намери како криминалци и хакери: Да, тие ќе предизвикаат вистинска штета и да, мора да бидеме многу внимателни и подготвени да ги избегнеме по секоја цена. Тој додаде дека вештачката интелигенција, пред да ги преземе сите наши работни места, може да предизвика голема штета во рацете на спамери, луѓе кои сакаат да манипулираат со избори и слично. Особено е интересно што ваквите предупредувања доаѓаат од човек од Мајкрософт, компанијата која инвестираше многу пари во креаторот на ChatGPT, OpenAI.

Други експерти предупредија на слични опасности од ширење пропаганда и лажни вести. Некои од нив предупредуваат и за потенцијална загуба на милиони работни места што се заканува поради вештачката интелигенција.

Сепак, Шварц не е меѓу нив. Тој не само што ја смирува ситуацијата за потенцијалните проблеми на пазарот на трудот кои би можеле да настанат поради брзиот развој на вештачката интелигенција, туку дури и вели дека луѓето кои стравуваат дека технологијата ќе им ја земе работата се параноични. Мислам дека луѓето не треба да се грижат премногу за тоа. Добро е кога вештачката интелигенција не прави попродуктивни.

Она за што се согласува со голем дел од експертите од оваа област е – регулативата. Но, дури и кога станува збор за регулатива, не треба да се биде параноичен и безглаво да се забранува напредокот на технологијата, туку да се внимава со донесување правила и закони да се намали можноста за предизвикување штета, но тоа да не го попречува развојот на сите оние добри работи од кои би имало корист човештвото. На пример употребата на AI во медицината за рано дијагностицирање и лекување на болести, борбата против климатските промени итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП