19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИOслабете до 10 кг со оваа 3-неделна диета

Oслабете до 10 кг со оваа 3-неделна диета

Погледнете како да ослабите од 5 до 10 килограми, држејќи ја 3-неделната диета на експертот за исхрана Брајан Филат.

3-неделната диета на Брајан Филат е ниско-јаглехидратен режим на исхрана. Времетраењето на диетата е 21 ден, поделени условно на 4 фази и за секоја фаза има одредени правила.

5 основни правила на 3-неделната диета

3-неделната диета има некои основни условни правила до кои треба да се придржувате за да ослабете

– Намалете ги калориите

– Намалете ги јаглехидратите

– Бидете физички активни

– Консултирајте се со специјалист дали има потреба да земате додатоци и витамини

– Повремен пост за прочистување

Цели на 3-неделната диета

3-неделната диета ветува намалување на 5 до 10 килограми. Нејзиниот основач гарантира дека при правилно извршување, ќе се ослобоите од мастите, а не од мускулната маса. Исто така ќе се чувствувате енергични. 3-неделната диета ќе ви помогне во борбата против целулитот и ќе ви помогне да се справите со нивото на лошиот холестерол.

4 фази на 3-неделната диета

Фаза 1 – Детоксикација на црниот дроб

Оваа фаза трае 7 дена и нејзината цел е да го прочисти црниот дроб. Намалете ги максимално јаглехидратите, исклучете ја штетната масна храна. Нагласете го зеленчукот.

Фаза 2 – 24-часовен пост

Во оваа фаза треба да се прочистат последните токсини од телото. Ова се постигнува со гладување. Можете да земате само течности и ако сте многу гладни – зеленчук. Оваа фаза трае само 24 часа и е осмиот ден од диетата.

Фаза 3 – Согорете ги мастите

Оваа фаза започна на 9-тиот ден и трае до 11-тиот вклучувајќи го правилото дека 80% од дневниот внес на калории треба да доаѓаат од протеини. Многумина мислат дека од тоа ќе се здебелат, но според Брајан Филат, на тој начин телото ќе почне да согорува калории од масти и така постепено ќе дојде до намалување на мастите во телото.

Фаза 4 – Утврдете режим

За оваа фаза ќе имате потреба од стручна помош. Ќе треба да пресметате колку точно калории ви се потребни дневно и според тоа да го организирате менито од препорачаната храна, најчесто тоа се 1000 калории, во зависност од вашата тежина. Оваа фаза трае од 12-тиот до 21-виот ден.

Препорачана храна за 3-неделната диета

Пилешко месо, мисиркино, телешко, риба, јајца, аспарагус, цвекло, зелка, артичоки, тиква, брокула, моркови, целер, печурки, кромид, спанаќ, пиперки, домати, авокадо, макадамија, бадеми, семки од тиква, сончогледово семе, маслиново масло, оцет и масло.

Физичка активност во 3-неделната диета

Со 3-неделната диета се препорачуваат кратки, но интензивни вежби за целото тело. Доволно е да вежбате 3-4 пати неделно по 20 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП