7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА објави импресивна анимација: Погледнете ги монструозните размери на црните дупки(ВИДЕО)

НАСА објави импресивна анимација: Погледнете ги монструозните размери на црните дупки(ВИДЕО)

НАСА објави нова анимација која дава чувство за количеството на простор во кое доминира супермасивна црна дупка. Тоа е една од најголемите мистерии во универзумот, бидејќи иако имаме некои идеи за тоа, не знаеме колку всушност се големи црните дупки.

Исто така, постои огромен опсег на супермасивни црни дупки. Новата анимација на НАСА дава поглед на тој опсег, почнувајќи од црната дупка во џуџестата галаксија наречена J1601+3113, која е домаќин на црна дупка со големина од околу 100.000 соларни маси.

Ја гледаме и супермасивната црна дупка во центарот на нашата сопствена галаксија, Стрелец А, која е околу 4,3 милиони соларни маси. Тука е и M87, првата црна дупка досега снимена.

Исто така, постојат две црни дупки лоцирани во центарот на истата галаксија (NGC 7727). Некогаш постоеле две галаксии. По спојувањето, двете црни дупки во галактичките јадра – кои имаат 154 милиони и 6,3 милиони соларни маси, соодветно – потонаа во центарот на ново комбинираната галаксија, каде што еден ден ќе се спојат.

Последната црна дупка што можете да ја видите во оваа анимација е TON 618, која е една од екстремно далечните и масивни црни дупки за кои астрономите имаат директни мерења. Овој џин содржи повеќе од 60 милијарди сончеви маси и има сенка толку голема што би биле потребни недели за да помине низ него зрак светлина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП